Активна транспарентност во општина Струмица: Скок од седум места и достигнато ниво од 91,4 %

Општина Струмица, согласно Индексот за активна транспарентност 2023 година и оваа година се карактеризира со “многу добра“ активна транспарентност со исполнување на обврските за објавување јавни информации од 91,4%, што претставува подобрување во споредба со 2022 година, кога индексот на транспарентност изнесуваше 87,1%. О

д аспект на рангирање, оваа година општина Струмица се наоѓа на 23. позиција од вкупно 98 рангирани институции, односно на 18. позиција од вкупно 81 рангирани единици на локална самоуправа. За споредба, лани општината беше на 30 место од вкупно 98 рангирани институции. На ниво на Југоисточниот регион, кој е втор најдобар меѓу регионите годинава, општина Струмица се наоѓа на третото место.

Овогодинешното рангирање и достигнат процент на исполнување на обврските за објавување јавни информации на Општина Струмица е всушност и највисокото ниво на транспарентност измерено во рамки на општината во континуитет, откако е започнато истражувањето и мерењето на Индексот на активна транспарентност. Индексот за активна транспарентност е показател за активните заложби и континуираната работа и посветеност на општина Струмица да овозможи пристап до јавните информации поврзани со работата на општината на жителите и сите заинтересирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот