Актерот Боб Оденкирк е во стабилна состојба по инцидентот за време на снимањето на „Better Call Saul“

Боб Оденкирк
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Актерот Боб Оденкирк е во „стабилна состојба откако во вторникот доживеа инцидент поврзан со срцето“, соопшти неговиот менаџерски тим, пренесува „Би-Би-Си“.

58-годишниот актер, беше итно пренесен во болница откако му се слошило за време на снимањето на своето шоу „Better Call Saul“, во Ново Мексико.

Боб Оденкирк итно хоспитализиран: Колабирал за време на снимањето на серијата „Better Call Saul“

Синот на Оденкирк, Нејт, исто така на својот твитер-профил извести за состојбата на неговиот татко, велејќи: „Ќе биде добро“.

Актерот и неговото семејство изразија благодарност за поддршката што ја добиле и од медицинскиот персонал и од колегите.

Тој и неговото семејство би сакале да искажат благодарност за неверојатните лекари и медицински сестри кои се грижат за него, како и неговата екипа и продуцентите кои останале покрај него“, додале од менаџерскиот тим.

Боб Оденкирк
Фото: EPA/JENS KALAENE

„Семејството Оденкирк исто така се заблагодари на сите за изливот на добри желби и побара приватност во овој момент, додека Боб работи на неговото закрепнување“, се вели во соопштението до јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот