Боб Оденкирк итно хоспитализиран: Колабирал за време на снимањето на серијата „Better Call Saul“

Боб
Фото: Instagram

Холивудскиот актер Боб Оденкирк, најпознат во јавноста по улогата во серијата „Better Call Saul“, спиноф на попопуларната „Breaking Bad“, колабирал на сет и бил итно хоспитализиран во болница.

Според странските медиуми, 58-годишниот актер го завршувал снимањето на петтата сезона од споменатата серија, кога одеднаш се онесвестил на самиот сет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slippin’ Jimmy (@slippinjimmy_mc)


Екипата на серијата веднаш повикала брза помош и актерот бил пренесен во локалната болница, но неговата состојба сè уште не е позната.

Да потсетиме, Оденкирк беше номиниран за четири „Еми“ и бројни награди „Златен глобус“ за улогата на Сол Гудман во серијата „Better Call Saul“.

Видео на денот