Актерката Силвија Стојановска обвинета за шверц на кокаин од Колумбија

Фото: Фејсбук

Обвинителството за актерката побара од судот продожување на притворот.

Јавното обвинителство на Македонија поднесе обвинение против актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ кој е првоосомничен за организирање на шверц со кокаин. Двајцата од ОЈО се обвинити за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Како што соопшти Јавното обвинителство, по спроведената меѓународна операција „Колибри” во која беа лишени од слобода пет лица од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител спроведе сеопфатна истражна постапка. Во текот на истрагата обвинителството утврди дека од јули 2019 година до 18 декември 2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како повеќе лица, земале учество во неовластено купување, пренесување и продавање на наркотична дрога – кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грам.

Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување кокаин од Колумбија до Мадрид и барале купувачи.

За да не бидат откриени, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор (PROTECT 1207i).

Имајќи ги предвид видот, тежината и висината на запретената казна, мотивите, начинот на кој е извршено кривичното дело, особено фактот што стореното кривично дело се карактеризира со особена тежина осликана со добра организација и долготрајна подготовка на секое дејство посебно за да се реализира намерата и да се заработи од неовластената продажба на наркотичната дрога кокаин, добро развиените врски со криминалните структури надвор од територијата на Македонија, Обвинителството заедно со обвинителниот акт му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот