Актер пронајден мртов на 27 години, два дена откако беше обвинет за семејно насилство
Младиот актер Кол Брингс Пленти беше пронајден мртов два дена откако беше обвинет за семејно насилство. Тој имаше самo 27 години.
Препорачано
Пленти, кој се појави во „1923“, како спин-оф на популарната вестерн серија „Јелоустоун“, не бил виден откако полицијата била повикана на имотот каде што една жена врескала за помош. Потоа била распишана потерница за негово апсење.
Бидејќи никој не можел да го лоцира, тој бил пријавен како исчезнат, пишува „Скај њус“. Бригс ја пропуштил и аудицијата за претстојниот филмски проект кој бил закажан преку онлајн повик, што било невообичаено за него.
Во меѓувреме бил пронајден неговиот напуштен автомобил, а неговото тело набрзо било откриено во шума близу Канзас. Инспекторите и медицинските лица го истражуваат местото на настанот, но не се соопштуваат детали за причината за смртта.
Таткото на актерот Џо изјави дека е благодарен за сите молитви и позитивни мисли кои му се посветени на неговиот син.
„Оваа недела дознав колку луѓе ја познаваат добрината во срцето на Кол и го сакаа“, изјавил Џо Брингс Пленти Сениор.
Брингс Пленти се појави во две епизоди од првата сезона од серијата „1923“, исто така неодамна имаше мали улоги во два други вестерн филмови.


