Ако треба, сто години ќе се докажувам на суд – сѐ што правам е од срце за овој народ, вели Жан Митрев

Фото: ИРЛ/принтскрин

Д-р Жан Митрев, првиот човек на истоимената приватна клиника, вели дека нема да прифати спогодба за евентуалното обвинение од ОЈО за измама на пациенти со третманите за хемофилтрација.

„Ќе се докажувам на суд ако треба сто години. Никого не сум измамил, ниту сум имал намера и мисла, сѐ што правам е од срце за овој народ“, рече Митрев во вечерашната „Топ тема“ на ТВ „Телма“.

Тој вели дека не може да ги објасни мотивите зошто некој „ги изманипулирал луѓето“ преку документарниот филм на ИРЛ „Нечиста крв“. Се сомнева на некои од вработените, за кои тврди дека веќе се вработиле во конкурентски болници и изнесувале неточни информации со цел да му наштетат на неговиот личен и на угледот на клиниката.

Тој ги оцени како шпекулации информациите кои кружат во јавноста дека поранешниот премиер Зоран Заев заедно со ексминистерот за здравство Венко Филипче, сакале да ја купат клиниката.

Клиниката „Жан Митрев“, според д-р Митрев, имала понуди да биде купена од над четири странски фондови, кои пред ковид-пандемијата нуделе големи суми на пари. Но, по емисијата на ИРЛ, и завршувањето на пандемијата, истите тие фирми понудиле помалку пари, за кои тој вели дека се неприфатливи.

Неговата намера била да продаде 51% од сопствеништвото и за тоа слушнале големи фондови и компании, но и покрај претходно добрите понуди, Митрев одбил да ја продаде клиниката затоа што сакал да го заврши проектот на целосна дигитализација на болницата, која успеал да ја оствари за време на ковидот во 2020-та година.

Документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ со шокантни тврдења за клиниката Жан Митрев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот