Акција за зазеленување, ќе се засадат 50 дрвца на повеќе локации низ Илинден

Фото: Општина Илинден

Општина Илинден и годинава ја спроведува акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во акцијата ќе бидат засадени вкупно 50 виско квалитетни листопадни дрвца во урбаниот дел на општината.

Како што информираат од Илинден, досега се садеше во рамки на паркот во Дељадровци, кај амбулантата во Миладиновци како и во рамки на паркот во Миладиновци. Во наредниот период акцијата ќе продолжи во локалитетот Јака, покрај пешачко рекреативната патека Марино-Кадино, како и кај детското игралиште во Мршевци.

Покрај засадените садници во паркот во населено место Дељадровци се врши и уредување на просторот со павер елементи. Такашто постепено и овој дел од Општината станува уреден простор за одмор и рекреација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот