Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во Македонија кој самостојно ги продаде ТВ-правата

Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони/Фото: facebook.com/fkakademijapandev/

Фудбалскиот клуб Академија Пандев одлично ја започна сезоната во Првата македонска лига, после шест кола моментно е лидер со 13 бодови.

На последниот лигашки меч играчите предводени од тренерот Александар Васоски триумфираа над екипата на Македонија ЃП.

Како што информираат од ФК Академија Пандев, тој е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа.

– На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе одат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал „Sport Klub“.

ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенствени натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона! – информираат од ФК Академија Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот