Ахмети: Медиумите прават драма за случајот со Адеми

По завршувањето на средбата на Централното раководство на ДУИ, лидерот на партијата, Али Ахмети одговорил на неколку прашања од страна на новинарите, меѓу кои се и последните случувања со СЈО, пренесуваат Тв21 . Ахмети изјавил дека актуелниот закон за СЈО мора да се почитува се додека не се донесе нов.

За случајот со Џеват Адеми, кој според информациите пред повеќе од еден месец пукал со пиштол на свадба и не сакајќи го ранил и својот син, Ахмети вели дека медиумите се тие кои што прават драма од сето тоа. Воедно ги повика органите на правдата да го истражат случајот и да ја соопштат вистината на јавноста.

– Треба да се почитува законот за СЈО и да се постапува согласно законските рамки постигнати меѓу сите страни. Ние бараме овој закон да се почитува, секое отстапување од законот има последици за земјава за правниот систем на РСМ. Што се однесува до прашањето за Џеват Адеми истото го драматизираат медиумите, а органите на правдата и истражните органи треба да ја кажат вистината. Никој нема да го убие синот, пријателот, Џеват не е таков, изјави Ахмети по состанокот во седиштето во Мала Речица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот