Ахмети ексклузивно за СП за договорот со Заев за Албанец – премиер: Договорите не се прават за да се укинат според моментални желби

Али Ахмети Фото: Драган Митрески

По најавата на Зоран Заев дека ќе се повлече и од премиерската функција и од челната позиција на СДСМ, партнерите во владејачката коалиција, вклучително и ДУИ, изјавија дека Заев треба да продолжи да управува со владатата бидејќи земјата ја очекуваат големи политички и економски процеси.

Но, инсистирањето на најголемиот партнер во коалицијата ДУИ на Али Ахмети во јавноста беше коментирано како причина дека доколку Заев си замине, нејзиниот проект „100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори“ може да пропадне.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во ексклузивна изјава за „Слободен печат“ вели дека овие тврдења се дневна политика и дека договорите не се прават за нивно укинување по моментални желби.

– Ова не држи. Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот. Но, ние зборуваме за следните чекори како да се надмине оваа емотивна одлука, според мое мислење на Зоран Заев и ќе работиме заедно за да најдеме најодржливи решенија. Имаме пишана и документирана спогодба. На заедничката конференција со Зоран Заев ова прашање беше потврдено усно, но и во заедничката интерна изјава што се потпишува меѓу партиите. Но, тоа го потврдивме и на прес-конференција, а на новинарското прашање не одговорив , туку му се обратив на Зоран Заев, и тој одговараше за ова прашање. Дебатата е повеќе дневна политика отколку суштинска, изјави за „Слободен печат“, Али Ахмети, лидер на ДУИ.

Тој вели дека приоритет за земјава е отворање на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ), решавање на спорот со Бугарија, зајакнување на политичката стабилност на земјата и реализација на проекти од областа на инвестициите во економијата, како што е Коридорот 8 и други крупни капитални проекти, но и разговорите што почнаа меѓу трите земји за 8-ми железнички коридор Македонија-Бугарија-Албанија.

„Тоа се приоритети и мислам дека сите ќе имаат предвид дека овие високи политички и економски интереси треба да бидат приоритет над приоритетите“, рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот