Агресивни мајмуни нападнале над 40 луѓе во Јапонија
Жителите на јапонскиот град Јамагучи се соочуваат со еден несекојдневен и чуден проблем. Тамошната полиција добива сè повеќе поплаки од граѓаните дека тие и нивните деца се напаѓани од страна на макаки, вид на мајмуни кои живеат во тој дел од светот, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Во последниве недели, мајмуните нападнале и повредиле околу четириесет луѓе.
Јапонските макаки се среќаваат на многу места низ земјата, а во некои делови тие се сметаат за големи штетници. Тие често им ги јадат овошјата и зеленчуците од нивите на населението, а имало случаи и каде влегувале во нивните домови.
Но, низата напади во градот Јамагучи (западна Јапонија) е доста невообичаен настан.
„Градот Јамагучи на сите страни е обиколен со планини и не е реткост да се видат мајмуните. Но, ретко тие ги напаѓале луѓето“ велат од градот.
Според властите, најпрво биле напаѓани децата и жените, но во последно време и постарите лица биле мета на напади.
Жителите не се сигурни дали станува збор за група мајмуни или само еден агресивен мајмун.
Полицијата почна поактивно да е присутна низ шумите во близина на градот, каде биле пријавени некои од случаите.


