Агенција за филм: Седум македонски премиери на „Синедејс“

Агенцијата за филм информираше дека во програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ премиерно ќе бидат прикажани седум филмски остварувања, кои добиле поддршка од нашата држава. Станува збор за два долгометражни филма со мнозинско учество и пет со малцинско учество.

Премиерата на филмот „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ го отвори 19. издание на „Синедејс“ на 18 септември, додека на 24 септември на покривот на ГТЦ фестивалот ќе биде затворен со македонската премиера на филмот „Хомо“ на режисерот Игор Иванов Изи.

Петте филмови со македонско малцинско учество во копродукцијата се „Летечкиот циркус“ во режија на Фатос Бериша (Косово), „Моето езеро“ во режија на Ѓерг Џувани (Албанија), „Сирена во Париз“ во режија на Матијас Малзиу (Франција), „Малмкрог“ во режија на Кристи Пуиу (Романија) и „18 проценти сиво“ во режија на Виктор Чучков (Бугарија). Со интензивната филмска продукција Агенцијата за филм го продолжува трендот на „новиот бран“, кој ја гради перцепцијата за македонскиот филм со автентичен и препознатлив израз, и каков таков ќе биде прифатен во Европа и во светот.

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ со мото „Филм на секое платно“ се одржува од 18 до 24 септември на девет локации низ Скопје, а филмски платна се поставени во Градски парк, МКЦ Парк, Парк „Ибни Пајко“, Кино „Влае“, Парк „Кисела вода“, Кино „Напредок“, Кино „Маџари“, Дом на градежници „Кочо Рацин“ и покривот на ГТЦ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот