Агенцијата за управување со одземен имот подари комбе на џамија во Арачиново

Фото: Дритон Небиу, Фејсбук

Агенцијата за управување со одземен имот подари комбе на џамија во Арачиново. Директорот на Агенцијата, Дритон Небиу на официјалнит Фејсбук-профил информираше дека Арачиново не е заборавена општина и заслужува грижа, особено од државните институции.

Според објавата на Небиу и документот што е објавен се работи за возило од марката „Цитроен Џампер“.

Агенцијата за управување со одземен имот основана со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во делот на конфискацијата презема широк спектар на мерки со кои треба да ја задржи вредноста на имотот преку забрана за негово отуѓување, преку негово поставување во соодветен магацински простор, продавање или раководење со замрзнатиот имот. Мерката зависи од природата на имотот.

Преку Агенцијата се обезбедува конзистентна правна рамка, која го регулира начинот на управување и постапување со конфискуваниот имот и одземените предмети, соодветно управување на надлежните органи, засновано врз начелата на законитост, економичност и ефикасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот