Агелер за случувањата во правосудниот систем: Немам коментар, но го следиме процесот
Соединетите Американски Држави внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, конкретно владиниот предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но и поднесените интерпелации од страна на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до Собранието за петмината членови на Судскиот совет, кои се избрани од законодавниот дом и она што сакаме да го видиме е дека во сите процеси се почитува законот, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за владиниот предлог за разрешување на Коцевски, Агелер кусо одговори дека нема коментар, но дека го следат процесот.
– Немам коментар, запознаена сум и го следиме процесот, според моите сознанија во тек е процесот согласно законските процедури и одблиску го следиме, одговори кусо Агелер, по примопредавање на мобилно оперативно возило за Црвен крст.
Во врска со случувањата во Судскиот совет исто така не навлегуваше во детали и само кусо одговори дека со години посочуваат за овој проблем, но и за други аспекти на правосудниот систем.
– Одблиску го следиме и тој процес. Очигледно со години посочуваме во однос на Судскиот совет, но и за други аспекти на правосудниот систем, постојат законски процедури и според моите сознанија тој процес е во тек и одблиску ги следиме состојбите и сакаме да видиме дека законот се почитува, одговори американската амбасадорка.


