Адвокатот на Сноуден: Мојот клиент наскоро ќе добие руско државјанство

Фото: ЕPA- EFE

Поранешниот вработен во Националната безбедносна агенција на САД (НСА), Едвард Сноуден, наскоро ќе аплицира за добивање руско државјанство, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерен.

– Сноуден ги подготви сите потребни документи и наскоро ќе биде покрената постапка за тој да добие руско државјанство, рекол адвокатот, а пренесе ТАСС.

Сноуден во октомври доби дозвола за неограничено престојување од руските власти.

Поранешниот соработник на американската НСА најде прибежиште во Русија во 2013 година откако побегна од САД. Сноуден во САД се соочува со обвинение за шпионажа зошто ја откри глобалната програма за прислушкување и следење која САД ја спроведуваше ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот