Адвокатот на Мадуро ги осудува пречките од властите за исплата на одбраната
Соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро не може да плати за својата правна одбрана во федералниот кривичен случај против него, бидејќи администрацијата на Трамп нема да ѝ дозволи на венецуелската влада да ги избегне санкциите и да го финансира неговото застапување, според судскиот поднесок од адвокатот на Мадуро, пишува Политико.
Препорачано
Адвокатот, Бери Полак, рече дека може да побара од судот да интервенира, тврдејќи дека ако администрацијата на Трамп не го промени курсот, тоа би се мешало во правото на Мадуро на адвокат од Шестиот амандман во можеби највисоко профилираното кривично гонење во земјата.
Во документ од 20 февруари, адвокатот Бери Полак му кажал на судијата Алвин Хелерштајн дека побарал посебна дозвола од Министерството за финансии на САД за да ги подмири долговите кон венецуелските власти со цел да ги заобиколи санкциите на САД.
Како што објаснува, потребното овластување првично било издадено на 9 јануари од страна на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Државниот департмент, и за Николас Мадуро и за неговата сопруга Селија Флорес, која е кообвинета, но има посебно правно застапување.
Сепак, како што е наведено во барањето, без објаснување, овластувањето било откажано неколку часа подоцна, само во однос на Николас Мадуро.
„Со одбивањето да ѝ дозволи на венецуелската влада да ги плати трошоците за одбрана на г-дин Мадуро, OFAC го спречува да обезбеди правен застапник и, следствено, да го оствари своето уставно право – загарантирано со Шестиот амандман на Уставот на САД – да биде застапуван од адвокат по сопствен избор“, нагласува Бери Полак.
Кривичарот забележува дека во оваа фаза не бара интервенција од судијата, туку се обидува да го информира за ситуацијата. Сепак, тој додава дека „доколку OFAC не постапи по барањето за враќање на оригиналната лиценца или ако го одбие, Мадуро ќе поднесе формална жалба во наредните денови барајќи интервенција од судот“.
Поранешниот венецуелски претседател, (63), и неговата 69-годишна сопруга беа заробени и префрлени против нивна волја во Соединетите Држави на почетокот на јануари за време на американската воена операција во Каракас.
Двајцата се соочуваат со формални обвиненија за трговија со дрога пред судот на Менхетен и остануваат во притвор во федерален затвор во Бруклин. Нивното следно појавување пред суд е закажано за 26 март.
Николас Мадуро го отфрла обвинението и се прогласува за воен заробеник.


