Адвокатката на Џони Деп конечно проговори за односот со актерот: Целиот свет ги спојува, еве што вели таа…

Фото: Профимедиа

Адвокатката на Џони Деп, Камила Васкез, изјави дека гласините за нејзината романса со актерот се неетички и сексистички.

Во новото интервју за „Добро утро Америка“, Васкез вели дека била разочарана што луѓето мислеле дека нејзините реакции кон славниот актер се на кој било начин несоодветни или непрофесионални.

Камила Васкез
Џони Деп и неговата адвокатка Камила Васкез / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

– Навистина се грижам за моите клиенти и очигледно се зближивме, но мислам на целиот тим, и тоа секако го вклучува и Џони –  рекла Васкез, кој е адвокатка на Деп, но и пријателка повеќе од четири години.

„Тоа е и неетичко и сексистичко обвинување. Тажно е и разочарувачко, но не можам да кажам дека сум изненадена“, додала адвокатката.

Васкез, која има кубански и колумбиски корени, истакнува дека ги прегрнува сите луѓе и додава дека срцето ѝ се кршело што морала да го гледа Деп додека секој ден седи и ги слуша најужасните обвинувања од неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Џони Деп и адвокатката Камила Васкез, Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

– Кога би можела да пружам каква било утеха, тогаш, се разбира, би го направила тоа, или држејќи го за рака или да му дадам до знаење дека сме тука и дека ќе се бориме за него затоа што тоа го заслужи – рекла таа..

Васкез додала дека е многу среќна во врската со своето момче Едвард Овен.

Инаку, адвокатката брзо доби многу фанови за време на шестнеделното судење на Џони Деп против неговата сопруга Амбер Херд поради нејзиното жестоко вкрстено испрашување. По судењето во кое победи актерот, изјави дека новото внимание е премногу за неа.

– Сепак, ако можам да бидам инспирација за младите жени кои сакаат да одат на правен факултет, да студираат и вредно да работат, тогаш сѐ се исплатело – заклучува Васкез.

Како убавата адвокатка на Џони Деп стана ѕвезда преку ноќ?

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

Кејт Мос сведочеше во корист на Џони Деп: Тој никогаш не ме удирал, не ме фрлил по било какви скали

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот