Фото скриншот МНет
Фото скриншот МНет

Адвокатката на Дејан Јованов – Деко побара заштита откако на „Маршот за ангелите“ ѝ ја фотошопираа фотографијата на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која во судски процес го брани првообвинетиот за пожарот во дискотеката Пулс, Дејан Јованов – Деко, реагира на тоа што денеска на „Маршот на ангелите“ во Кочани, семејствата на загинатите носеа транспаренти на кои беше прикажана нејзина фотографија заедно со зборовите „пари овде не ти се потребни“.

-Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на емпатичноста и сочувството со болката на родителите на починатите. Меѓутоа, откако јавно се изложи револт за мојата покрената кривична постапка за вандализмот што се случи на 17.03.2025 од одредени непознати лица кои родителите ги оправдуваат, а согласно законот се подложни на одговорност, повеќе немам простор да се воздржувам. Имено, родителите си дозволија да организираат штрајк во кој мојот лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат и за ова треба и апелирам да реагираат сите надлежни органи на Република Македонија во заштита на нашата професионална должност пред сѐ, а потоа и во насока на заштита на нашиот интегритет и достоинство како носители на правната заштита и владеење на правото, се наведува во реакцијата на адвокатката Коцевска.

Правникот Арбен Мемети застана во одбрана на адвокатката и побара Адвокатската комора да преземе мерки да ги заштити адвокатите.

„На денешниот марш, од страна на демонстрантите беше јавно изложен портрет на адвокатката Ивана Коцевска, која во конкретниот кривично-правен предмет ‘Пулс’ настапува како бранител на прво и на третообвинетиот. Ваквиот чин претставува крајно недоличен, нискостепен и опасен напад врз угледот на адвокатската професија, врз Адвокатската комора, но и врз самите темелни начела на правната држава. Денес мета е Ивана Коцевска – утре тоа може да биде кој било друг адвокат. Да не беше таа, ќе беше Петко или Станко. Проблемот, очигледно, не е личноста, туку самото постоење на бранител во постапката, што е апсурдно и правно недозволиво, додаде тој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот