Административни згради како цел: Спречен терористички напад во Москва

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руската Федерална служба за безбедност (ФБС) денеска спречи терористички напад во една од административните згради и притоа уапси 21 годишен маж од Централна Азија кој е соомничен дека го подготвувал нападот, објави прес-службата на ФСБ.

Човекот имал намера да изврши напад со рачно изработена експлозивна направа по наредба од меѓународна терористичка група, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата ТАСС.

Тој создал залиха на експлозиви што ја откриле офицери на ФСБ, а, исто така, и неговите уреди за комуникација содржеле неколку пораки разменети со терористи и упатства за правење експлозивни направи и видеа од неговата заклетва на верност кон терористичка група.

Уапсеното лице, наводно, планирало да замине на Блискиот исток за да учествува во активности на терористичките групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот