Администрацијата на Бајден презема чекори за да ја направи употребата на марихуана помалку сериозно кривично дело

REUTERS/Eduardo Munoz

Aмериканското Министерство за правда ја разгледува можноста да ја направи употребата на марихуана помалку сериозно кривично дело, пренесува „Reuters“.

Доколку се финализира, промената на политиката потенцијално би можела да биде најголемата промена во федералната политика за канабис во последните 40 години.

Акциите на фирмите за канабис веднаш се зголемија по прострујувањето на ваквата вест.

Министерството за правда, претходно препорача канабисот да се класифицира како дрога со висок потенцијал за злоупотреба.

Предлогот е испратен до Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа за разгледување и за финализирање на процесот на донесување правила.

ДЕА не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за препораката, првпат објавено од Асошиејтед прес.

Смената, сепак, нема да ја легализира марихуаната за рекреативна употреба, се вели во текстот на АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот