А1 он: Пратениците со народни пари плаќаат кирии на роднини, кои наместо нив пречекуваат „гости“ во становите

Со новите одлуки на Собранието, тринаесет пратеници од внатрешноста ја искористија можноста наместо пари за патни трошоци, да добијат стан под кирија до 400 евра, плус платени сметки до 100 евра, па сега преку кириите во Скопје им ги полнат џебовите на своите роднини и пријатели, објавува А1 он.

Истражувањето на „А1он“ покажало дека дел од пратениците, становите ги изнајмуваат од роднини и пријатели, а за дел постојат сомнежи дали воопшто живеат во становите што ги плаќа државата.

Екипата на „А1он“, на пример, затропала на вратата на Марија Келтаноска, на чие име е станот од 65 квадрати во скопската населба „Аеродром“. Вратата ја отворила сопственичката на станот, што и не би било чудно ако таа не е сестра на снаата на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ана Лашкоска, која е од Прилеп, а која со државни пари „живее“ под кирија токму во наведениот стан.

Целата сторија, во која слични шеми се откриени и кај други пратеници, прочитајте ја ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот