Никола Груевски / фото: Фејсбук

5,8 милиони евра вредат плацовите на Груевски на Водно, проценила државата

5,8 милиони евра вредат парцелите со градежно земјиште на Водно кои беа конфискувани од експремиерот Никола Груевски со пресудата во предметот „Плацови на Водно“, по обвинение на обвинителката Лиле Стефанова, објави „Фокус“.

Станува збор за поголема парцела од 11.000 квадрати (поделена на три дела) и еден плац од 2.700 квадрати. Од Агенцијата за управување со одземен имот за порталот велат дека е направена проценка и дека вкупната вредност на имотот е приближно 5,8 милиони евра.

-Станува збор за одземен имот, градежното земјиште кое се наоѓа во КО Центар 2, пристигната e процена изготвена од страна на Бирото за процени и истата е во износ од 354.998.700 денари, вели за „Фокус“ директорката Ирена Илиевска.

Ова значи дека по направената проценка на вредноста, наскоро имотот ќе треба да се огласи за продажба. Како што појаснува диркторката Илиевска, продажбите се запрени бидејќи треба да се донесе нов Статут од Владата, а потоа и да се изработат нови правилници.

Парцелата од околу 2.700 квадратни метри се наоѓа во близина на резиденцијата на Вилма Трајковска на Водно, а на јавно наддавање го купила фирмата „ИТК Инженеринг“, но, како што утврди судот, купувањето било изведено за тогашниот премиер.

Сепак, за претстојната државна продажба на имотот најголем е интересот за тоа во чии раце ќе заврши огромниот плац од 11.000 квадратни метри, над „Панорама“ на Водно, пишува „Фокус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот