52-годишна жена се породи во Гинекологија Чаир

Unsplash
Бебе/ Фото: МИА

Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, во скопската општина Чаир, се породи 52-годишна жена од Кочани, дознава „Слободен печат“.

Целата процедура, од ин витро оплодување до породување, е извршена од страна на лекарскиот тим од болницата.

Патем, ова е прва бременост на родилката која на свет донесе здраво девојче.

Исто така, пред неколку дена во истата болница се породи и 50-годишна жена која 27 години се соочувала со стерилитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот