Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT A

Смртта на една личност и болеста на друга откако добиле доза од вакцината АстраЗенека е причина што австриските власти ја суспендираа серијата на вакцини против корона вирусот на  „Оксфорд/АстраЗенека“ како „мерка на претпазливост“.

„Федералната канцеларија за безбедност во здравствената заштита (БАСГ) доби две пријави во временска врска со вакцинација од иста група на вакцини на ‘АстраЗенека’ во окружната клиника Цветл“ во покраината Долна Австрија, се вели во соопштението на БАСГ.

Центарот на извештаите е на 49-годишна жена за која БАСГ рече дека „починала како резултат на тешки нарушувања на коагулацијата“ и 35-годишна жена „која развила белодробна емболија и е на пат да се опорави“.

Здравствениот орган рече дека во моментов „нема докази за каузална врска со вакцинацијата“, но дека преостанатите залихи на серијата повеќе нема да се „распределуваат и вакцинираат“.

Регулаторите на ЕУ ја одобрија вакцината на „Оксфорд/АстраЗенека“ на крајот на јануари, прогласувајќи ја за доволно безбедна и ефикасна за употреба кај возрасни над 18 години. Светската здравствена организација (СЗО) даде одобрение во средината на февруари.

Портпарол на „АстраЗенека“ за Ројтерс изјави: „Нема потврдени сериозни несакани дејства поврзани со вакцината“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот