Невреме ја прекина потрагата по урнатиот авион кај Солунска Глава

Поради лошите временски услови вечерва е прекината потрагата по малиот авион од типот Цесна П210Н, кој попладнево се урна кај Солунска Глава при што загинаа четири лица бугарски државјани.

Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен на голема височина, информираат од  КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Оттаму додаваат дека потрагата ќе ја продолжат утре.

„Малиот авион од типот Цесна П210Н кој попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска Глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се лоцирани, како и телата на четирите патници – бугарски државјани“, информираат за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР. Авионот сообраќал на релација Охрид – Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот