ВИДЕО: Околу 700 посетители дневно уживаат во лизгање на мраз на лизгалиштето во СЦ ” Борис Трајковски”

Од 500 до 700 посетители има секој ден на лизгалиштето во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ или околу 25.000 откако беше отворено на 20ти ноември, што според директорот Александар Петревски е показател дека децата и возрасните најдоа безбеден начин да се забавуваат во време на пандемија.

-Оваа година го срушивме рекордот на посетители. И покрај тоа што бевме скептични кога одлучивме да го отвориме лизгалиштето, се покажа како добра одлука бидејќи им овозможивме на граѓаните место за рекреација во која е вклучено целото семејство. Оваа година обезбедивме 250 нови лизгалки, што целосно ги задоволува потребите на лизгачите, вели Петровски.

За дечињата кои сакаат да научат да лизгаат има пингвини кои служат како помагала. Сепак бројот на пингвините е недоволен, во однос на дневниотброј на деца посетители.

-Имаме само десет пингвини за деца. Се согласувам дека би требало да има повеќе, но во тој случај ќе има голем метеж на теренот, а со тоа и опасност од повреди. Од друга страна реквизитите често пати се оштетуваат, а истите се многу скапи, објаснува директорот на СЦ „Борис Трајковски.

Цената на дневната карта е 150 денари или 250 денари со вклучено изнајмување на лизгалки. Лизгалиштето е отворено од 10 до 21 часот, утринските термини се резервирани за тренинзи на лизгачите од лизгачката федерација на Македонија, додека останатите термини во текот на денот се ослободени за рекреативно лизгање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот