34 годишник во Србија држел маж и жена како робови и им ја земал социјалната помош

Српска полиција/ Фото: Профимедиа

34-годишен маж од Србија е обвинет дека од втората половина на 2021 година до 17 ноември 2022 година во Николинци како робови држел 52-годишен маж и 25-годишна девојка и им ја земал социјална помош, информираат медиумите во регионот.

Вишото јавно обвинителство Панчево поднесе обвинителен акт против 34-годишникот поради сомнение дека во наведениот период врбувал и држел маж и жена злоупотребувајќи ги нивните тешки материјални и лични околности,

„Пријавениот се товари дека горенаведените дејствија ги презел со цел да ја искористува нивната секојдневна работа во домаќинството на 34-годишникот со цел оштетените да ги платат непостоечките долгови што им ги наложил пријавениот, во кои начинот на кој воспоставил однос сличен на ропството“.

Овој однос, според оштетените, го одржувал со употреба на сила и закани, а земајќи и пари од социјалната помош, извести Вишото јавно обвинителство.

Мажот е обвинет за две кривични дела трговија со луѓе за кои е пропишана затворска казна од три до 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот