25 години од кобната смрт на принцезата Дијана: Белиот „Fiat Uno“ сè уште не е пронајден

принцеза дијана
Принцеза Дијана / Фото: Profimedia/EPA-EFE

Точно на денешен ден, 31 август 1997 година, во тунелот „Pont de l’Alma“ во Париз се случи страшната сообраќајна несреќа во која животот го загуби саканата британска принцеза Дијана. Поминаа 25 години, но и ден денес не престануваат теориите на заговор за нејзината смрт.

Животот и смртта на принцезата Дијана сè уште се предмет на интерес и на британската и на светската јавност, која со нетрпение очекува нова информација поврзана со нејзиниот брак со принцот Чарлс, разводот, љубовниците, но и нејзината трагична смрт на овој ден пред 25 години во Париз.

Принцезата Дијана е вечна инспирација за разни книги, серии и документарни серии, а по повод одбележувањето на 25-годишнината од нејзината смрт, објавена е нова документарна серија наречена „Investigating Diana: Death In Paris“, приказна за двајца полицајци кои ја истражуваат смртта на принцезата на народот, но исто така се обидуваат да откријат што точно се случило во кобниот тунел.

принцеза дијана
Фото: Профимедиа

Интересно е што до денес не е пронајден белиот „Fiat Uno“ кој наводно ја предизвикал несреќата. Според сведочењето на некои луѓе кои случајно се нашле во тунелот во тој момент, мал бел автомобил дошол премногу блиску до „Mercedes-Benz S280“ во кој се возела принцезата Дијана со нејзиниот партнер Доди Фајед, управуван од возачот Анри Пол. Инспекторите се убедени дека двата автомобили се судриле со голема брзина, по што мерцедесот удрил во столб во тунелот „Pont de l’Alma“. Навистина е неверојатно што 25 години никој не можел да му влезе во трага на белиот автомобил, чиј возач можеби барем малку ќе ги разјасни деталите за страшната несреќа во која двете момчиња, принцовите Вилијам и Хари, останаа без нивната сакана мајка.

Возачот на белиот „Fiat Uno“ можеби би успеал малку да објасни во врска со движењето на автомобилот во кој била принцезата само неколку моменти пред несреќата, но таа информација очигледно засекогаш ќе остане непозната, како и причината зошто сè уште се вртат разни теории на заговор поврзани со смртта на Дијана.

Фото: Профимедиа

Принцезата Дијана почина во раните утрински часови на 31 август 1997 година, само една година по нејзиниот развод со принцот Чарлс, што предизвика шпекулации дека станува збор за атентат нарачан од самата кралица Клизабета Втора.

За несреќата зборуваше и Мартин Монтеил, поранешна началничка на полицијата, сега писателка, кој рече: „Целиот свет не сакаше да прифати дека принцезата од Велс загинала во сообраќајна несреќа. Фрустрирана сум поради „Fiat Uno“ бидејќи отсекогаш сум сакала да си ја завршам работата. Веројатно е таму некаде, но, за жал, никогаш не го најдовме. Сепак, возачот на „Fiat Uno“ не е вистинскиот виновник. Тој возел мирно кога „Mercedes-Benz S280“ пристигнал со голема брзина и налетал на него. Одговорноста останува само на возачот на принцезата Дијана“.

Profimedia
Фото: Profimedia

А причината поради која „Mercedes-Benz S280“ се движел со голема брзина низ париските улици, откако принцезата Дијана и Доди го напуштиле хотелот Ритц, наводно била тоа што се криел од папараците кои се обидувале да ја направат најдобрата можна фотографија од неа и 41-годишниот син на сопственикот на Harrods“.

Очевидци кои биле на излезот од тунелот таа вечер ѝ кажале на полицијата како виделе бело „Fiat Uno“ како излегува од тунелот и како возачот, со потемна боја на кожа и кратка коса, панично гледал зад себе во ретровизорот. Тој наводно бил придружуван од куче. На „Mercedes-Benz S280“ биле пронајдени траги од бела боја, како и делови од искршени светла.

Profimedia
Фото: Profimedia

И покрај тоа што повеќе од илјада луѓе сведочеа, возачот и автомобилот никогаш не беа пронајдени, а десет години по несреќата, истрагата покрената од Велика Британија донесе пресуда за „незаконско убиство“, во која се тврди дека Хенри Пол бил пијан и возел пребрзо, обидувајќи се да им избега на папараците кои ги бркале, а Дијана и Доди можеби ќе преживеле доколку носеле појаси.

А како изгледало сето тоа на местото на несреќата, уште еднаш, 25 години подоцна, се присетија лекарите од тамошната прва помош. Кога стигнале на повикот, немале поим за кого се работи, а веќе на прв поглед било јасно дека телото на жената е „згужвано“ на подот од згмечениот мерцедес. Докторот веднаш видел дека жената дава знаци на живот, а иако била во несвест, тешко дишела, поради што веднаш се обидел да ја спаси.

Фото: Профимедиа

Докторот Фредерик Мајлиез последен ја видел жива принцезата Дијана

„Свесен сум дека моето име секогаш ќе се поврзува со таа трагична ноќ“, рече Мајлиез кој во тој момент се враќал дома од забава кога наишол на несреќата. Возејќи низ тунелот видел мерцедес кој буквално се сече на два дела и почнал да чади. „Се приближив, ја отворив вратата и погледнав внатре. Четири лица, од кои две беа веќе починати, не даваа знаци на живот, а двете од двајцата од страна беа живи, но во исклучително тешка состојба. Сопатничката на предното седиште врескаше, поради што знаев дека е подобро од сопатничката, млада госпоѓа, која беше на колена на подот од мерцедесот со наведната глава. Таа тешко дишеше и ѝ требаше помош“, раскажа Фредерик.

Фото: Профимедиа

Мајлиез истрчал до својот автомобил, повикал 911 и ја грабнал торбата за брза помош што ја имал во автомобилот.

„Беше во несвест и благодарение на мојата чанта доби сила, но не можеше да каже ништо“, рекол тој.

Принцезата Дијана
Фото: Профимедиа

Дури подоцна во вестите дознал дека се обидел да ѝ го спаси животот на принцезата Дијана.

„Знам дека ќе ве изненади, но не ја препознав принцезата Дијана. Знам само дека забележав колку е неверојатно убава, но бев толку фокусиран да ѝ го спасам животот, што немав време да размислувам која е жената. Некој ми кажа дека жртвата зборува англиски, па јас разговарав со неа на англиски и реков дека сум доктор и дека сум повикал помош. Се обидов да ја утешам“, додаде Фредерик.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Тој направил сè за да ѝ го спаси животот, Мајлиз ги забележал блицовите од фотоапаратите и сфатил дека папараците ја снимаат страшната несреќа. Пожарникарите набрзо пристигнале, а потоа брзата помош која ја префрлила Дијана во париската болница каде починала неколку часа подоцна, исто како и нејзиниот партнер Доди Фајед и возачот.

„За мене беше голем шок кога сфатив дека тоа е принцезата Дијана и дека таа починала. Почнав да се прашувам, дали направив сè за да ѝ го спасам животот? Дали направив сè како што требаше?“, изјави францускиот лекар.

Подоцна неговите колеги лекари и полициските истражители потврдиле дека лекарот направил сè што е во негова моќ. Како што рече, секоја година на денот на смртта на Дијана, сеќавањата му се враќаат, исто како кога вози низ споменатиот тунел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот