Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Нема повеќе бесплатно паркирање во „Дајмонд мол“

После повеќе од две години негласање, новиот советнички состав во Град Скопје му даде дозвола на „Лимак“ да наплаќа за паркирање во подземната гаража.

Посетителите на „Дајмонд мол“ од први јануари повеќе нема да можат бесплатно да паркираат во подземната гаража на овој објект. Во иднина за првите два часа ќе плаќаат по 50 денари, а за секој нареден по 60.

Откако повеќе од две години Советот на Град Скопје не дозволи компанијата „Лимак“ да наплаќа за паркирање во трговскиот центар, сега, новиот советнички состав, во кој исто така мнозинството го сочинуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, но и со поддршка на советничката група на СДСМ, на последната седница ја усвои одлуката за давање дозвола за вршење дејност паркирање на  „Лимак“.

„Дајмонд мол“ ги крена рампите за бесплатно паркирање откако со месеци се наплаќаше без дозвола

Покрај цените за паркирање од час, од „Дајмонд мол“ информираа и дека „преноќено“ паркирање чини 1500 денари, а исто толку треба да се плати за непрописно паркирање и за изгубен или оштетен билет.

Бесплатно паркирање е овозможено со приложување фискална сметка во износ над 400 денари издадена од Веро маркетот, Dream zone или Автопералната – известија од „Дајмонд“ не прецизирајќи дали ова значи дека со сметки од рестораните и продавниците нема да има бесплатно пракирање.

„Лимак“ веќе подолг период се обидуваше да добие дозвола да наплаќа за паркирање на сопствениот паркинг, па дури извесен краток период наплатуваше и без дозвола додека не проработеа градските инспектори. Во моментов паркирањето е бесплатно во првите два часа, а за подолго треба да се приложи сметка над 400 денари направена во „Дајмонд мол“, со која на паркингот може да се остане до 9 часот. Но, и без сметка во пракса не се наплатуваше, а поставените паркомати во молот досега беа надвор од функција.

Паркирање подолго од два часа во „Дајмонд мол“ се плаќа само со сметка од над 400 денари, инаку рампите не се креваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот