Желсон Дала/ CAF

Голман од Ангола е хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на репрезентацијата на Ангола до 17 години, 16-годишниот Желсон Дала беше прогласен за играч на натпреварот по ремито без голови против Мали на отворањето на Африкански куп на нации за кадети. Сепак, неговиот одличен настап, во кој запиша шест интервенции, остана во сенка поради фотографијата со наградата.

Африканска фудбалска конфедерација објави фотографија од Дала со трофејот за најдобар играч на мечот, а социјалните мрежи буквално „експлодираа“.

Во центарот на вниманието веднаш се најде изгледот на младиот голман, бидејќи многумина не веруваат дека навистина има само 16 години. Дала настапува за младинските категории на Петро де Луанда, но изгледа значително постаро од официјално пријавената возраст.

Не требаше долго време за на интернет да се појават и бројни саркастични коментари.

„Веќе е ќелав?“, „Се пријавил со изводот на син му“, „Најстариот У17 фудбалер во светот“, „Можеби мислеле дека игра за У71 тим?“, „Зумирајте ја фотографијата и ќе видите дека има и седи влакна“, „Овој ја памети и колонизацијата на Африка“, „Постар е и од таткото на Јамал“, „Тој игра фудбал веќе 16 години“, „Сигурно сопругата и децата му се горди на оваа награда“, беа дел од најинтересните реакции на објавата на КАФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот