15-годишно момче поради девојка со нож расекло постар тинејџер во трговски центар

Крвав инцидент се случил во трговскиот центар „Веро“ во Скопје вчера попладне, кога 15-годишно момче со нож повредило 18-годишен жител на Зелениково, соопшти МВР.
„На 31.01.2023 во 14:30 часот во трговски центар на булеварот „Кузман Јосифовски Питу” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје“, велат од полицијата.
„Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од селото Зелениково, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар. Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” каде му била констатирана телесна повреда“, додаваат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.