13 години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Во изречената казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и секое лишување од слобода, а кое изнесува нецели седум години.

Тринаесет години затвор му одреди Судечкиот совет на обвинетиот Насер Ештрефи во случајот со убиството на Ангел Петковски. Во изречената казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и секое лишување од слобода, а кое изнесува нецели седум години.

Судечкиот совет при изрекувањето на пресудата информира дека му било многу тешко да ја донесе оваа одлука, бидејќи се работи за два млади животи од кои едниот го загубил, а на другиот му бил прекинат со издржувањето на казната.

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, од Судот побара на обвинетиот да му се изрече мерка притвор, додека бранителот на обвинетиот Иванка Јакимовска, побара мерка куќен притвор, по што Судот одлучи мерката притвор спрема обвинетиот Насер Ештрефи да се продолжи до правосилноста на пресудата, односно до отпочнувањето на издржувањето казна затвор.

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014-та година, во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.

Обвинетиот Насер Ештрефи, претходно, со одлука на Основниот кривичен суд Скопје, потврдена од скопска Апелација, беше осуден на 14-годишна затворска казна. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетиот Ештрефи беше вратено на повторно одлучување.

Во рамките на повторното одлучување, по седум години од убиството на Петковски, на 4 март оваа година, беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по одлука на Основниот кривичен суд Скопје, а на барање на одбраната на обвинетиот.

Случајот го водеше судијката Диана Груевска-Илиевска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот