Османи: Слабостите што ги нотира извештајот на ЕК се заради политичката поларизација и блокадите на Собранието

Бујар Османи - министер за надворешни работи / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Слабостите што ги нотира Европската комисија во својот најнов извештај за 2023 година за напредокот на Македонија во спроведувањето на реформите се заради политичката поларизација и блокадите на Собранието, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него, блокадата на парламентот оневозможува да се донесат реформски закони.

– Суштината на забелешките е политичката поларизација и блокирањето на Собранието. И тоа е сериозна порака до сите политички партии, не само до Владата, туку и до оние од опозицијата кои со години го блокираат Парламетот со филибастер само заради некои ситни дневно партиски поени и оневозможуваат да се донесат важни законски решенија. Има и слабости во судството. Но, единствениот начин да се бориме со овие слабости е да ги отвориме поглавјата 23 и 24 од преговорите за членство, бидејќи нема подобра борба од тоа. Секој што спречува отварање на поглавјата 23 и 24, ја спречува борбата против корупцијата – рече Османи.

Според Османи, иронија е да се повикувате на борба против корупцијата, а да го блокирате отварањето на преговорите за членство во ЕУ.

– Со отварањето на овие поглавка во суштина се отвараат сите рефлектори и инструменти на ЕУ за борба протов корупцијата. Политичари кои велат сакаме да се бориме со корупција, а не сакаме да се отворат поглавјата се контрадикторни, тоа е иронија и смеење во лицето на граѓаните – рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот