Животот на Асанж е во опасност

Џулијан Асанж / Фото: Твитер

Третманот кон Џулијан Асанж, основачот на Викиликс го загрозува неговиот живот. Ова го оцени известувачот на ОН за тортура, Нилс Мелцер.

Тој изрази загриженост поради здравствената состојба на Асанж по апсењето и притворот од почетокот на годината. Наведе дека „неговиот живот е во опасност“.

– Ако Велика Британија не го промени однесувањето и нехуманата ситуација во која е и натаму изложен Асанж со арбитражноста и кршењето на неговите права, би можело да го чини и живот – рече Мецар.

Тој рекол дека посебно е загрижен поради новите медицински информации од неколку доверливи извори, според кои Асанж влегол во „волшебен круг на анксиозност, стрес, немоќ, што е типично за лице изложено на продолжена изолација и постојана арбитрарност“.

Асанж на 11 април беше исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон, во која беше од 2012 година. Вашингтона го обвинува Асанж за шпионажа и му се заканува екстрадиција во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот