Делегација на западноафриканските земји пристигна во Нигер во обид да ја реши кризата

Фото: EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Делегација на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) пристигна во главниот град на Нигер, Ниамеј, за да се обиде да најде решение за кризата, осум дена по државниот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Базум.

Делегација на ECOWAS, предводена од поранешниот претседател на соседна Нигерија, Абдулсалами Абубакар, треба да се сретне со „пучистите“во Нигер за да им ги достави барањата на лидерите на таа панеафриканска организација, се вели во соопштението за медиумите од претседателството.

ECOWAS воведе остри санкции против Нијамеј и им даде на пучистите рок до недела да го вратат избраниот претседател Мохамед Базум, соборен на 26 јули, и се закани дека ќе употреби сила ако не го сторат тоа.

Кризата во земјата ги натера западните земји да почнат со евакуација на свооите државјани од земјата. Пучот во земјата наиде на силни осуди од западните земји кои на Нигер гледаат последен сигурен партнер во борбата против џихадистите на Ал Каеда, Исламска држава и Боко Харам во регионот на Сахел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот