Трамп се жали дека медиумите се обидуваат да го обвинат за масакрот во Нов Зеланд

Принтскрин: Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е неправедно обвинет за масакрот во двете џамии на Нов Зеланд.

Медиумите работат прекувремено за да ме обвинат за ужасниот напад на Нов Зеланд. Ќе мора да работат многу напорно за да го докажат тоа, напиша Трамп на Твитер.

Напаѓачот остави таканаречен манифест во кој се нарекува бел националист и алудира на Трамп како на „симбол на обновениот идентитет на белецот”.

Трамп изрази жалење поради жртвите, додавајќи дека нема закана од националаизмот на белецот ширум светот.

Во минатото Трамп беше критикуван поради неговата изјава дека „двете страни” треба да се обвинат за насилството на демонстрациите на белите супрематисти, на кои имаше и жртви.

Австралиецот Брентон Тарант во петокот нападна две џамии во Крајстчрч, при што беа убиени 50 луѓе, а над 40 се повредени. Тој беше уапсен по нападите и е обвинет за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот