Нов Зеланд: Молитви ширум земјата поради нападите во Крајстчерч

Во Крајстчерч и ширум Нов Зеланд денеска се слушнаа муслиманските повици за молитва, седум дена по трагедијата во двете џамии, при што загинаа 50 лица.

Повеќе од 20.000 луѓе се собраа пред џамијата Ал Нур во Крајстчерч, каде што најголем број луѓе настрадаа во минатонеделниот напад.

– Нов Зеланд тагува со вас. Ние сме едно, рече премиерката Џасинда Ардер, пред двоминутниот молк во чест на жртвите.

Во меѓувреме, заменик-премиерот на Нов Зеланд, Вотсон Питерс, учествуваше на итна седница на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) што се одржува во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот