Зошто треба да каснете овошје пред да одите во супермаркет?

Во повеќето случаи се храниме нездраво, бидејќи дома чуваме нездрави намирници какви што се грицки, газирани пијалаци и слично. Меѓутоа, можеме да одолееме на купување нездрава храна доколку пред да заминеме на пазарување, каснеме некое овошје, покажало едно истражување.

Луѓето што јадат здрави закуски пред да одат во супермаркет, избираат здрави намирници кога ќе се најдат меѓу полиците, покажало истражувањето.

Испитаниците биле поделени во три групи: првите пред да одат во продавница изеле парче јаболко, вторите – бисквит, а третите заминале со празен стомак. Истражувачите откриле дека оние што изеле јаболко купиле 28 отсто повеќе зеленчук и овошје од оние што јаделе бисквити и 25 отсто повеќе од оние што не јаделе ништо пред пазарувањето.

До слични резултати дошла и друга студија, во која на купувачите пред заминување на пазарување, им дале млеко. Испитаниците од групата на кои им рекле дека пијат здраво млеко, одбрале здрави намирници во супермаркетот.

Затоа, ако сакате да се заштитите од купување нездрави намирници (а, со тоа и од опасноста да ги изедете), каснете малку овошје или зеленчук пред да заминете во продавница, советуваат нутриционистите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот