Зошто секогаш треба да ја загреете рерната пред употреба?

Unsplash
Unsplash

Без разлика дали печете колачи, зеленчук или некое јадење, едно е важно – употреба на рерна. А во рецептите најчесто како прв чекор се наведува „претходно да се загрее“.

Колку и да изгледа едноставен чекор, загревањето на рерната, се случува да го прескокнете. Можеби затоа што веќе сте почнале со приготвување на јадењето или сте посветени да не погрешите во состојките. Како и да е, најчесто забележувате дека не сте ја вклучиле рерната да се загрее, токму во мигот кога треба да го ставите јадењето да се пече, па се прашувате како ќе успеете што побрзо да ја постигнете саканата температура. Можеби ќе си речете дека не е којзнае каков проблем што не е загреана рерната, оти ќе постигне температура во тек на печењето. Но, не е така. Да се загрее рерната пред да се стави јадењето во неа е многу важен чекор.

Unsplash
Unsplash

Ладната рерна може да го уништи јадењето

Ако мислите дека можете да ги оставите колачите да почекаат додека се загрее рерната, и ништо нема да им биде, се лажете. Финалниот резултат нема да биде како што треба, за разлика ако ги ставите веднаш да се печат во топла рерна.

Според познавачите на кулинарството, ставањето храна во ладна рерна ја уништува текстурата и вкусот, особено кога станува збор за печени колачи, леб и сл. Тоа е така бидејќи печењето печива бара соодветна температура за да веднаш почне подигнувањето на тестото. Ако ги ставите колачите или лебот во ладна рерна, ќе излезат суви, тврди и недоволно нараснати.

Дали ова се однесува и на други јадења кои се подготвуваат во рерна како лазањи, мусака, месо и зеленчук? Зависи. Овие јадења треба да се добро зготвени и не треба да стасуваат, не е важно дали ќе ја загреете рерната или не, иако е добра идеја тоа да го направите. Готвачите препорачуваат дека најдобро правило е секогаш да ја вклучите рерната да се загрее ако во јадењето користите јајца, брашно, прашок за печиво или сода-бикарбона.

Unsplash
Unsplash

Како да одредите дали е доволно загреана рерната

Ако сте забележале најчесто во рецептите се наведува рерната да е загреана на 200-250 Целзиусови степени. Но, како да знаете дали тоа е точната температура? Наједноставно е со користење термометар (посебен метален, не било кој термометар), кој ќе го ставите на средина од решетката, а потоа ќе ја вклучите рерната да се загрее на 200 Целзиусови степени, а откако ќе заврши со загревање, проверете го термометарот.

Ако има разлика меѓу температурата на термометарот и дисплејот од шпоретот, забележете колкава е и потоа кога ќе треба да печете, нагодете ја. На секои 3- 6 месеци повторете го тестот, затоа што по одредено време кај рерните може да дојде до промена на температурата, па калибрирајте ја сами при печење.

Исто така имајте предвид дека во рерната може да се случи да има т.н. „топли точки“ каде што температурата е повисока и тука побрзо ќе се пече храната. За го проверите тоа загрејте ја рерната на 200 степени и ставете 6 парчиња леб на решетката. Нека се печат додека парчињата во центарот добијат златно кафеава боја.

Повторете ја постапката со поместување на решетката на сите нивоа во рерната и на крај проверете на кои места кришките леб се најпечени. Така ќе знаете дали рерната пече рамномерно и дали треба да го вртите тавчето, повеќепати во текот на печењето, за да се испече рамномерно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот