Зошто инвеститорите оставаат толку ѓубре зад себе? (ФОТО)

Граѓани од скопската населба Тафталиџе револтирани од односот на инвеститорите ни испратија неколку фотографии на кои јасно се гледа дека по изградба на зградата во овој дел од Скопје, ѓубрето настанато при градба е останато околку новиот објект.

Станува збор за зградата на „Настел“ во општина Карпош, населба Тафталиџе 1, поточно на бул. 8ми Септември.

Освен ѓубре за кои велат дека и сами би се организирале да го соберат, до нивната зграда се оставени и габаритни метални делови од градежна опрема, исечени дрва, гранки, опасни лимови кои при секој ветер летаат на друга страна, купови земја и песок, бетонски плочи и сл за кои е потребна механизација за да бидат отстранети.

Ѓраѓаните револтирано прашуваат каде да се обратат бидејќи се работи за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца, бидејќи целиот отпад и останат градежен материјал иако зградата е веќе завршена е останат околу зградата, а велат дека неколку пати реагирале и до Општина Карпош, но тие и компанијата Настел си ја префрлаат вината едни на други, а чест случај било и добивањето на лажни ветувања дека ова „ѓубре“ ќе биде отстрането.

Погледнете ги фотографиите кои беа испратени до нашата редакција…

 

Поврзани вести

Во Кина нема локално пренесени случаи со коронавирус

Слободен печат

ЌЕ СЕ ЗГРОЗИТЕ: Мизерни услови за живот во болницата во Бардовци (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Во возовите како во фрижидер!

Слободен печат

Хорор во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза (ГАЛЕРИЈА)

Слободен печат

Во младите е иднината, а овие дечиња од Ѓорче Петров се доказ!

Слободен печат

ПИСМО: Ако нема акции, кредитната ќе се искористи за прочистувач на воздух кој чини цел бубрег за нашиот кумановски стандард

Слободен печат

1 comment

avdi zhuta 09/08/2019 - 20:28 at 20:28

za vrska za ,,ostavat djubre investitori,,
a znate zashto je to tako labavo. drzhava nemat sposobni ikspektori. pazi vo edna mala drzhava da recam oko 2 miliona zhitelji
drzhava koja imat nad 101 Politika a nad 3001 politicari. zato nemat red i mir a cistoca toee na kraj sviralo.
nee samo to so invenstitori nego i narod nee jee Kulturen . ———- pozdrav

Reply

Остави Коментар