ЗОИ Пекинг: Финска е прв финалист на хокеарскиот турнир

Финска ќе игра во финалето на хокеарскиот турнир во Пекинг/ фото: EPA-EFE/MARK CRISTINO

Хокеарската репрезентација на Финска е првиот финалист на машкиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Финска во првото полуфинале ја совлада Словачка со 2:0. Финците првиот гол го постигнаа во 16 минута од првата третина преку Сакари Манинен. Пласманот во финалето го заверија во последната минута од натпреварот преку Песонен.

Финска во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален дуел во кој ќе играат Русија и Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот