ЗНМ и СЕММ информираат за постапката за обновување на членството на онлајн медиумите

Како дел од заложбите за заштита и промоција на професионалното новинарство, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во соработка со Здружението на новинари на Македонија, информира дека во тек e постапката за обновување и ажурирање на членството на онлајн медиумите во саморегулативното тело.

Постапката се одвива според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а кои тековно се консултираат со новинарската и медиумската заедница и се достапни на следниов линк.

Процесот ќе резултира со создавање регистар на професионални онлајн медиуми кој ќе ѝ помогне на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат наведените критериуми и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење. Резултатите од креирањето на Регистарот ќе бидат соопштени во текот на ноември годинава.

Саморегулацијата на медиумите продолжува да биде заедничка заложба на нашите организации за доброволно воспоставување критериуми и придржување до нив во рамките на процес кој е отворен за јавноста. Во овој процес, освен медиумската заедница, ќе биде вклучена и бизнис заедницата. Кон иницијативата на СЕММ и ЗНМ за афирмација на саморегулацијата во онлајн медиумите се приклучи и Стопанската комора на Македонија, а целта на оваа соработка е преку изработката на Регистарот да се олесни пристапот до реклами на бизнис заедницата во професионални онлајн медиуми наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство и редовно ги прекршуваат етичките стандарди.

Повеќе информации за зачленување на онлајн медиумите во СЕММ може да се добијат на следниот линк и на следниве контакти: [email protected] и телефонскиот број 02 3 222 595.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот