Знаци кои откриваат дека можеби патите од болеста која погодува една од десет жени!

Ендометриоза е хронична и неизлечлива состојба од која боледуваат 10 до 15% од жените во репродуктивната доба. 

Всушност тоа е болест со многу лица.

Ендометриозата предизвикува ткиво што делува како поставата на матката да расте надвор од матката. Односно, тогаш може да се најдат делови од ендометриумот во јајцеводите, карлицата, а понекогаш и во други делови од телото, како што се поставата на белите дробови, бубрезите, слезината, па дури и во носната празнина. Овие делови на ендометриумот се однесуваат како ендометриумот во матката, односно тие исто така крварат за време на менструалното крварење предизвикувајќи болка, адхезии, гадење, повраќање.

Кај некои жени може да потрае и до десет години пред да се дијагностицира ендометриоза. Точната причина не е позната, но се смета дека може да биде наследна или предизвикана од фактори на животната средина.

„Еден од најголемите предизвици при дијагностицирање на ендометриоза е дека симптомите можат да се мешаат со други проблеми“, објасни за The Sun д-р Сара Јарвис, доктор по општа пракса и клинички директор на Пациент.инфо.

Со помош на докторката, People издвоија шест симптоми кои можат да ви помогнат да ја препознаете оваа болест навреме:

1. Болни менструации

Еден од главните симптоми се болните менструации, а болката често се јавува и неколку дена пре дкрварењето. Многу жени исто така чувствуваат и болка во карлицата.

2. Болка за време и по сексот

Болниот однос – особено за време на длабоката пенетрација – исто така е чест симптом на ендометриозата. Исто така, болките можете да ги почувствувате и неколку часа по водењето љубов.

Всушнот, пенетрацијата и останатите движења може да го потегнат и истегнат ткивото на ендометријата, особено ако пораснало позади вагината или долниот дел на матката.

3. Неплодност

Доколку имате ендометриоза и се обидувате да забремените неуспешно, важно е да добиете помош и поддршка, па разговарајте со лекарот за работите кои можете да ги направите за да ја зголемите шансата на бременост.

4. Крварењето помеѓу циклуси

Крварењето помеѓу циклуси може да не изгледа премногу страшно, но може да биде еден од клучните знаци на ендометриоза.

Студијата објавена во American Journal of Obstetrics and Gynecology покажа дека предменструалното крварење е најјасен индикатор на ендометриоза.

5. Болки за време на нуждата

Освен болки, може да се појави и крварење, а во некои ситуации може да се јави и чувство на замор, дијареа, запек, подуеност или мачнина.

6. Замор

Ендометриозата обично се карактеризира со тешки, болни менструации, но некои всушност можат да доживеат чувство на исцрпеност или целосен недостаток на енергија.

Неодамнешните истражувања откриле дека има двојно повеќе жени кои се чувствуваат уморно во споредба со оние кои немаат проблем. Една студија од 2018 година, објавена во списанието „Human Reproduction“, открила дека овие жени, исто така, седум пати се со поголема веројатност да имаат проблеми со несоница и четири пати поголема веројатност да бидат депресивни.

Истражувачите заклучиле дека „замор е потценуван симптом на ендометриоза затоа што ги погодува повеќето жени со ендометриоза, но за тоа не се зборува многу во литературата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот