„Златниот пресек“ пресуди: Најслаткото куче е далматинец
Секој сопственик на куче вели дека нивниот миленик е најсладок и најубав. Но, ако верувате во „златниот пресек“, тогаш можеби вашето домашно милениче не припаѓа баш на најслатката раса на кучиња.
Препорачано
Древната грчка математичка равенка долго време се користи за да се процени убавината на луѓето. Меѓутоа, аналитичарите на англиската веб-страница „Манибич“ ја искористија таа формула за да рангираат 100 раси на кучиња според нивната слаткост. За да ја донесат својата одлука, аналитичарите ја разгледале секоја карактеристика на одредени раси и го пресметале нивното ниво на привлечност врз основа на растојанието помеѓу очите, ушите, ноздрите и јазикот.
Со тие мерења, аналитичарите успеале да дојдат до процент кој покажува колку добро секое куче се придржува до „златниот пресек“. Само 10 раси постигнале резултати повисоки од 62,5 отсто.
Пребарувачот „Манибич“ (MoneyBeach) со помош на т. н. „златен пресек“ на убавината состави список од „најслатките“ раси кучиња.
1. Далматинец
2. Ирски воден шпаниел
3. Островлакнестиот фокс териер
4. Лабрадор
5. Англиски басет
6. Самојад
7. Џек расел териер
8. Ротвајлер
9. Бернардинец
10. Златен ретривер


