Зизу во „кралска“ мисија: Реал ќе инкасира 300 милиони евра!

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Во Шпанија сезонава не беа ниту блиску во конкуренција за титулата, во Лигата на шампионите беа елиминирани уште во осминафиналето од Ајакс, а во Купот беа декласирани од Барса.

Едер Милитао и Родриго се веќе договорени, а се финализираат деталите околу Еден Азар, Лука Јовиќ и Ферланд Менди. Уште ако се успее во намерата да се ангажира играч како на пример Пол Погба, вкупната инвестиција за засилувања би можела да ја надмине бројката од 400 милиони евра.

Можни се и санкции поради кршењето на финансискиот фер плеј ако не продаваат доволно играчи.

– Клубот мора да дојде до одреден износ со цел да се задоволи финансискиот фер плеј, а во тоа би помогнала продажбата на Иско, Герет Бејл и Хамес Родригез. Проблемот е што сите сакат да останат. Иско сака да се бори за место во стартниот состав, но „кралскиот“ клуб сериозно ги гледа понудите од Премиер лигата и Серија А чии цени достигнуваат и до 60 милиони евра – пишува шпанската „Марка“.

Потоа, Баерн не сака да го задржи Родригез, но Јуве и ПСЖ би можеле да платат околу 70 милиони. Велшанецот Бејл ги разочара своите навивачи со своето однесува во последниот лигашки пораз, а ниту тренерот Зидан не „смета“ повеќе на неговите услуги. Бејл по сезона заработува 17 милиони евра.

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Воедно се очекува Реал да заработи и од продажбата на хрватскиот играч, Матео Ковачиќ кој најверојатно ќе направи трансфер во редовите на Челзи за нешто повеќе од 35 милиони евра.

Останати кандидати за продажба која споменатиот извор ги објавува се уште Кејлор Навас, Дани Себалос, Лукас Васкез, Мариано Диаз, Раул Де Томас, Борја Мајорал и Тео Хернандез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот