Бејл дрзок: Не си одам, првин нека ми платат 51 милион евра!

EPA-EFE

Герет Бејл еден од главните носители во играта на „кралевите“, од клупата и тоа со смеење заедно со соиграчите Иско и Крос го гледаа новиот разочарувачки пораз.

Велшкиот интернационалец наиде на лавина критики од страна на навивачите поради неговото однесување, по што веднаш се објавија шпекулации за негово итно заминување.

Тренерот Зидан после мечот изјави дека немал никаква намера да му даде шанса да настапи Бејл, дури и да имаше правило за четири замени.

EPA-EFE

Има договор до 30 јуни 2022 година, со четири освоени титули со клубот во Лигата на шампионите, а францускиот стратег не ги сака повеќе неговите услуги.

Фановите исто така се надеваат дека уште ова лето ќе го напушти Реал, но Бејл шокираше со својата изјава:

– Имам уште три години во својот договор. Ако сакаат да си одам, ќе мора да ми платат 17 милиони евра по сезона. Ако не сакат да ми исплатат, тогаш ќе останам тука и ќе играм голф во наредните три години – вели Бејл.

Ваквите зборови ги разочараа навивачите чии мислења се дека фудбалерот не покажал апсолутно ништо вредно 105 милиони евра колку што беше платен во летото 2013 година кога дојде од редовите на Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот