Жртва на терористички напад во Авганистан: Новинар разнесен од поставена бомба на неговиот автомобил

Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Новинарот на авганистанското радио Елиас Даџи загина денеска при експлозија на бомба која била прикачена на неговиот автомобил.

– Во нападот се повредени уште три лица, меѓу кои и едно дете, изјави портпаролот на гувернерот на покраината, Хелманд Омер Звак.

Директорот на радиото, Азади Сами Махди, на Твитер потврди дека неговиот колега и пријател Елиас Даџи е убиен во терористички напад утрово.

Никој сè уште не презеде одговорност за нападот што следува по неколку дена од убиството на поранешниот водител на ТОЛО ТВ во Кабул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот