Жрепката на 6 мај, познати сите учесници на Европското првенство 2022

кирил лазаров
Кирил Лазаров ја одведе Македонија и на Европското првенство во Словачка и Унгарија 2022/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вечерва и официјално завршија квалификациите за пласман на следното Европско првенство од 13 до 20 јануари 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

На овој континентален собир ќе учествува и најдобрата македонска репрезентација која денеска го запиша и петтиот триумф, совладувајќи ја по вторпат Швајцарија.

За нашата селекција предводена од селекторот и капитен Кирил Лазаров ова ќе биде шесто учество по ред на еврошампионатите.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) веднаш ги објави сите 24 учесници на ЕП, а воедно најави дека жрепката за извлекување на групите ќе се одржи на 6 мај.

Покрај организаторите, Унгарците и Словаците, на Европското првенство ќе настапат уште финалистите од минатото ЕП, Шпанија и Хрватска, како и селекциите кои успеаја тоа да го направат преку квалификациите, Србија, Германија, Шведска, Данска, Русија, Македонија, Словенија, Белорусија, Норвешка, Португалија, Франција, Исланд, Чешка, Холандија, Австрија, Црна Гора, Боснаи и Херцеговина, Полска, Литванија и Украина.

Фото: ehfeuro.eurohandball.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот