Жителите на Сарај ги предаваат старите печки на дрва и нафта

Фото: МИА

 Во Општина Сарај денеска почна големата еколошка акција на Град Скопје и Владата за предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување, како  една од мерките за борба против аерозагадувањето.

Жителите на општината Сарај кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје денеска имаат можност да ги предадат своите стари печки на дрва, нафта и други нееколошки енергенси, во дворот на средното училиште „Сарај”. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот, а ќе продолжи и утре. Пунктот за предавање печки во средното училиште „Сарај’ денеска го посетија градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети.

– Денеска се наоѓаме на една од локациите каде граѓаните ги доставуваат старите и нееколошки печки кои веќе ги замениле со енергетски ефикасните инвертер клими. Само од оваа општина пристигнати се околу 160 апликации, што значи ќе имаме 160 оџаци помалку кои ќе го загадуваат воздухот. До привременото запирање на повикот во Град Скопје се пристигнати околу 4.060 апликации. Правиме пресек на процесот на субвенционирање и заради транспарентност на реализацијата на повикот и заради подобро информирање на граѓаните за суштината на овој повик и очекуваните резултати, рече Шилегов, на денешната прес-конференција.

Тој напомена дека во наредните две години согласно условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот