Жителите на Боливија трпат за леб поради протестите

Жителите на неколку боливиски градови пријавиле дека имаат недостиг од храна и бензин заради протестите на приврзаниците на соборениот претседател Ево Моралес.

Привремената боливиска Влада соопшти дека нејзините напори за снабдување на Ла Паз се соочени со предизвици, бидејќи тврдат дека приврзаниците на Моралес прекинаа некои транспортни маршрути, пренесуваат американските медиуми.

Блокадата околу градот Санта Круз, исто така, ја наруши трговијата. Производителите велат дека овошјето и зеленчукот скапуваат во камионите што не успеале да дојдат до пазарите.

Најмалку 23 лица загинаа во уличното насилство што изби веднаш по спорните претседателски избори, оддржани на 20 октомври.

Моралес прогласи победа уште по првиот круг од гласањето, но неговите противници соопштија дека имало изборни нерегуларности, и почнаа масовни протести. Откако беше заклучено дека, сепак, имало изборни нерегуларности, Моралес на 10 ноември поднесе оставка и замина за Мексико, каде веднаш побара и доби азил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот